АКК Примо авј и О.К. Класик под покровителство на Општина Центар организираат манифестација од еднодневен карактер Олдтајмер Рели Скопје 2018.
Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.
Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје.
Стартот и целта е пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.
Програма на манифестацијата:
09-11 часот – Технички преглед и верификација на учесниците
11.30 часот – Свечено отворање на манифестацијата
10-12 часот – Изложба на автомобилите и фото-сесија
12-14 часот Старт на релито
14-16 часот – Организирана изложба и избор на олдтајмери по категории
16.30 часот – Свечено прогласување на победниците
Учество е дозволено на сите возила кои ги исполнвуаат прописите на посебниот правилник.
Historic Авто Рели Скопје Центар 2018:
Класа 1 возила произведени до 1970 година
Класа 2 возила произведени од 1971 до 1984 година
Изложба Historic Скопје 2018:
Категорија најстаро возило
Категорија најоригинално реновирано
Категорија на кабриолет возила