Според Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, Општина Ресен и Љубојно заедно со невладината организација „Преспа Град“, со својата постојана децениска грижа за македонскиот јазик, ја заслужуваат нашата поддршка и доверба дека новиот Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик е на вистинското место и кај вистинските луѓе.
– Преспа е револуционерна средина со европска мултиетничка визија. Верувам дека преку овој центар македонскиот јазик ќе биде јазикот што ги поврзува Македонците со другите граѓани од Република Северна Македонија, од Балканот и од светот, подвлече Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик на денешната „прослава“ организирана од „Северните“ по повод двете години од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Професорката на Педагошкиот факултет во Скопје, Елизабета Бандиловска нагласила дека е голема возбудата да се биде на местото зачетник на школството и на воспитно-образовната врвица на генерации ученици, учители и просветители проникнати од пазувите на Преспа.
Настанот, како што информираат од владината прес-служба, е дел од серијата настани по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот во Преспа, организирани од Општина Ресен и во соработка со НВО Преспа Град.
Инаку, еден од револуционерите во илинденскиот период во Преспа, бил и Славејко Арсов. Постојат негови спомени. Еве еден линк до книгата. Во неа, теко дека ќе најдете европска мултиетничка визија. Ако одиме во периодот на втората светска војна и револуционерите од Птеспа, ако не с елажеме, тие сакале да одат на Солун, а патем пееле дека Англија и Америка ќе бидат земји пролетерскки. Гледано од тој апсект, тие навистина имале европска мултиетника визија.
За возбудата на извесна Бандиловска, не вреди да се зборува.