Точно на полноќ се роди првото бебе во 2024 година во Македонија на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот.
Породувањето, како што е соопштено, било извршено по природен пат.
Бебето е машко, тешко е 3.760 грама, има 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10 и ќе се вика Алек.
Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.
Доктор Димитров кој ја породи мајката на Алек рече дека семејството долго чекало пород. Тој им порача на сите жени кои сакаат да станат мајки да го следат примерот на породената, на која желбата и се остварила, и тоа 10 секунду по полноќ.
Во првите 15 минути од Новата година на Гинеколошко-акушерската клиника се родиле три бебиња.
Да се здрави и среќни заедно со нивните родители и блиски.