Репрезентативниот напаѓач на Португалија, Кристијано Роналдо, за прв пат во кариерата не постигна гол во групната фаза на еден голем турнир.
Триесет и деветгодишниот Португалец не успеа да се запише во листата на стрелците на ниту еден од неговите три натпревари во Ф-групата на Европското првенство 2024.
Кристијано претходно има постигнато гол на сите негови претходни 10 групни турнири на Светско или Европско, кои датираат од Евро 2004 година.
Португалија која синоќа загуби од Грузија, со шест бода го освои првото место во групата.
Противник на Португалците во осминафиналето ќе биде селекцијата на Словенија.
Фото: ЕПА