Операција на тотална транспозиција на главни крвни садови кај новороденче со тежина од 2,9 килограми првпат во државава е извршена вчера во Клиничката болница „Жан Митрев“.
Станува збор за една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца, соопштија од Клиничката болница.
Новороденчето било дијагностицирано на Клиниката за педијатрија и веднаш било упатено во Клиничка болница како итен случај. Во овој комплексен исклучително тежок оперативен зафат учествувал тим од Клиничката болница, вклучувајќи ги и докторите од државната клиника, кои, како што се наведува, покажале голема зрелост за вакви подвизи во медицината.
Тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуваат обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето, стои во соопштението.