Често пати кај нас хуманоста се докажала на дело, но често пати и била злоупотребена. И кога ќе се соберат доволно пари за лекување, треба да се мисли дека истите им се потребни и на многу други, сеедно, деца или возрасни.

Еве пример кој треба да ни покаже како треба да се биде хуман.

Родители на дете што боледува од ретка болест од Бугарија, почнаа кампања и собраа пари, но не само за сопственото дете, туку за да купат нови апарати, со кои ќе се помогне и на други деца со истиот или сличен проблем.

Апаратите ќе бидат за болницата во Пловдив „Св Ѓорѓи“ во која се лекува девојчето. Малата Елизабета има една година, а татко и за собраните пари изрази благодарност до сите кои помогнале.