Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурицио Покетино и неговите соработници од стручнито штаб, во случај да добијат отказ за време или на крајот на сезоната, една година пред истекот на договорот, ќе добијат обештетување повеќе од 20 милиони евра.

Според новинарот на „Canal Supporters“, Адриен Грениер, Покетино добива 1,1 милиони евра месечно пред оданочување. Тој е најплатен тренер во Лига 1. Кристоф Галтиер од Ница и Хорхе Сампаоли од Марсеј добиваат по 330 илјади.

Покетино е на чело на ПСЖ од 2021 година. Неговиот договор е до 2023 година.

ПСЖ моментално е на првото место во Лига 1 со 65 бода по 29 кола, но не го помина осминафиналето на Лигата на шампионите што се смета за голем неуспех.