Управата на Пари Сен Жермен ја намали скоро двојно повеќе трансфер цената на напаѓачот Нејмар.
Парижаните првично бараа 300 милиони евра за својата ѕвезда, но сега тие се подготвени да се разделат со него за 180 милиони евра, пишува каталонскиот весник „Спорт“.
Французите не сакаат договори со размена и претпочитаат да добијат пари за играчот, се вели во информацијата.
Поранешниот тим на Нејмар – Барселона е најзаинтересиран. Бразилецот премина во ПСЖ од каталонскиот клуб во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.