Пари Сен Жермен денес објави за трансферот во тимот на дефанзивецот Серхио Рамос.

Договорот со 35-годишниот Шпанец трае до крајот на јуни 2023 година.

– Горди сме што претставуваме еден од најголемите фудбалери на нашето време. Среќни сме што го објавуваме трансферот на Серхио Рамос во нашиот тим. Серхио е еден од најдобрите бранители на нашето време, роден лидер и професионалец. Неговото искуство и амбиција се во совршена хармонија со ПСЖ. Горд сум што го гледам во дрес на нашиот клуб и сигурен сум дека навивачите ќе му приредат неверојатно добредојде, истакна Насер Ал-Хелаифи на официјалната веб-страница на ПСЖ.

Рамос се приклучи на францускиот тим како слободен агент. Пред тоа, тој играше за Реал Мадрид од август 2005 година до мај 2021 година.