Пари Сен-Жермен се обиде да го продолжи договорот со дефанзивецот Тиаго Силва, пренесува „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на агентот на фудбалерот Пауло Тонието.
Сепак, парижаните се свртеа кон 35-годишниот дефанзивец предоцна, кога тој веќе се пресели во Челси.
– Леонардо (спортски директор на ПСЖ) му се јави на Тијаго и му кажа дека може да остане уште една година. Но, Силва веќе се согласи на договор со Челси, па немаше враќање назад, рече Тонието.
Тијаго Силва потпиша договор со Челси на една година со опција за продолжување уште една. Како дел од ПСЖ, тој играше од 2012 до 2020 година.