Пари Сен-Жермен сака да го позајми играчот од средниот ред Јулијан Дракслер. Но, засега Французите не можат да најдат нов тим за 28-годишниот Германец, објави „Л’Екип“.
Францускиот весник пишува дека главната кочница за промена на клупската средина на Дракслер е неговата високата плата. Тој добива 4,2 милиони евра годишно.
Актуелниот договор на германскиот играчи со парискиот клуб е со важност до летото 2024 година.
Оваа сезона Дракслер учествуваше на 14 натпревари на сите натпреварувања, постигна два гола и исто толку асистенции.