Монографијата насловена „Македонскиот сон: Ние сме светски шампиони“ и истоимениот документарен филм, посветени на успесите на македонските борачи од БК „Бучим-Јака“ од Радовиш, кои во 1995 година станаа европски клупски шампиони, ќе бидат промовирани денеска во Скопје.

Автори на монографијата се Ванчо Чифлиганец и Славчо Тодоров, а документарниот филм е во режија на Јани Бојаџи по сценарио на Сашко Насев, во продукција на Фондацијата „Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец“

Според организаторите, Фондацијата, пред точно 25 години во 1996 година, борачите на БК „Бучим –Јака“ од Радовиш станаа први светски клупски шампиони во борење-слободен стил.

Објавувањето на монографијата и документарецот по повод 25 години од освојувањето на првата светска клупска шампионска титула во борење – слободен стил Боречкиот клуб „Бучим – Јака“, Радовиш – Македонија, се совпаѓа со одбележувањето 30 години од независноста на државата и 60 години од постѕоењето современо борење во Радовиш.