Каја Калас, актуелната премиерка на Естонија, ја доби поддршката од Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Обединетото Кралство за да стане следниот генерален секретар на НАТО, со што стана првата жена и првата од источна и централна Европа што ќе ja предводи Алијансата.
До неодамна, фаворит за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО беше холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, но се чини дека Калас ги освои Германците и Американците, кои го променија мислењето.
За македонската јавност интересно е дека Бујар Османи се пофали дека му сугерирале тој да се кандидидиира за местото генерелен секретар, но тој одбил зашто бил посветенен на кампњата. Ова беше сфатено како несериозна изјава на Османи, па не помина забележитлено дури ни кај дежурните шегобојци по социјалните мрежи.