Направија кареира на сметка на македонската традиција, денес ја продадоа за пет пари. Пу јазк, беше реакцијата на Игор Дурловски во врска со денешната прослава на која ќе пеат многу северно македонски пејачи.
Реакциите кон пејачите никако не престануваат, посебно по нивните лаги дека не знаеле што потпишуваат, демантирани од неколку места.
Иако е веројатно дека граѓаните на Македонија и на Северна Македонија допрва ќе се пребројуваат, сосема е извесно е дека оваа група пејачи ќе остане во колективната меморија како како нешто што е потребно да се отрфли. Посебно оние меѓу нив, кои не се стеснуваа да си го полнат чекмеџето и во времето на „режимот“.