Апелациониот суд во Сардинија одлучи да го ослободи поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој беше уапсен денеска по наредба на Врховниот суд на Шпанија, иако нема да може да го напушти островот, изјави неговиот адвокат во Италија, Агостинаџело Мараса.
Како што објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, судијата сметал дека неговото апсење на аеродромот Алгеро било извршено во согласност со законот, но тој одлучил да го ослободи без мерки на претпазливост, со забрана за напуштање на Сардинија.