Балканот е капијата на куќата, а капијата ѝ припаѓа на куќата, значи дека Балканот е составен дел на Европа, изјави денес премиерот на Унгарија Виктор Орбан зборувајќи на конференцијата на претседателите на собранијата на земјите од Вишеградската четворка (В4) и југоисточна Европа во Будимпешта.

Орбан кажа дека во Унгарија постои изрека дека патот во Европа секогаш води низ Балканот, дека тоа не е прашање на избор туку геополитички факт.

-Европската Унија, а особено земјите кои ја формираа ЕУ, мислат дека Балканот е тампон зона, а западните Европејци сакаат безбедно и комфорно да живеат, и дека ако дојде до конфликт од југоистокот, дека не би требало да стигне до Виена, Берлин или Франција“, кажа Орбан.

Тој додаде дека прашањето е дали ЕУ ќе го промени статусот на Балканот кој ќе биде болен за неговите жители или ќе употреби нова стратегија „а новата стратегија се вика интеграција“.

-Балканот не би требало да биде тампон зона туку дел од ЕУ“, кажа тој и додаде дека Балканот ѝ е потребен на Европската Унија, колку што таа му е потребна нему.

Истакна дека унгарската економска корпорација со Балканот е ветувачка по 2015 година и дека унгарските односи со Балканот значително се подобриле.

-Ако се прошетате низ Будимпешта, ќе го видите плоштадот Бошњак, ќе видите српски кафулиња и цркви и Албанци кои живеат и работат во Унгарија“, заклучи Орбан.