Вооружена престрелка се случи попладнево на улицата Ордан Чопела, кога според неофицијални информации две групи се пукале со автоматско оружје, пренесе „Сител“.
Во престрелката едно лице е повредено и според информациите префрлено е во Градската болница.