Американскиот државен секретар Помпео по средбата во Охрид со Зоран Заев рече дека САД ќе продолжат да бидат партнер и да ја поддржуваат земјата. Покрај стандардните пофалби за договорт со грција, Помпео го истака и слендото:

„Како водечка демократија во светот, САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото, а борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓани. САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија“, рече Помпео.

Тој зборуваше и за заканите од Русија и Кина и за економската соработка.

„Срцата и умовите на граѓаните треба да ја водат државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми. Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки. Претседателот Трамп во Обединетите Нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, коишто ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Македонија да биде слободна и без долгови“, рече американскиот државен секретар.