На електронските адреси на 31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Дојави за бомби вчера имаше во 23 средни и 22 основни училишта во Скопје. По спроведените проверки, МВР информираше дека сите дојави се лажни.
Закани за поставени бомби училиштата добиваат веќе четири месеци, а по антитерористички проверки се покажа дека дојавите се лажни.
Според препораките од МОН, учениците си одат дома, и во рок од еден час треба да се вклучат на онлајн настава.