Шест лица се ранети во пукотница во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска полицијата.
„Жената беше застрелана во стомакот, додека напаѓачот кој ја држеше како штит не е повреден“, изјави началникот на њујоршката полиција Џон Чел.
Нема информации за состојбата на повредените, а Чел го опиша инцидентот како „дрзок и кукавички напад врз невините њујорчани“.
Полицијата верува дека двајца вооружени напаѓачи целеле група луѓе кои стоеле пред продавница во Бронкс. Чел рече дека имаат видео на кое се гледаат напаѓачите кои отвориле оган околу 17 часот како трчаат кон продавницата. Откако налетале на жената и на девојката на шалтерот, еден од нив ја зграпчил жената и ја свртел кон линијата на огнот, рече началникот.
Полицијата соопшти дека сите повредени, освен 40-годишната мајка, биле застрелани во рацете или нозете. Покрај мајката и ќерката, меѓу повредените има и четири момчиеа на возраст од 18 до 21 година.
Истрагата е во тек, но полицијата се уште не уапсила никого, ниту го утврдила мотивот за нападот.
Фото: МИА архива