Кристијан Пулишиќ потпиша нов договор со екипата на Милан.
Напаѓачот според договорот се обврза на соработка до 2031 година со Милан.
Пулишиќ пристигна во Милано во 2023 година во трансферот од Челзи, и за сиот овој период прерасна во еден од најважните играчи на Сан Сиро.
Досега има одиграно 141 меч во црвено – црниот дрес и постигна 44 гола.




