Пушачите во ЕУ се под закана од значителен удар., објави Билд кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи.

Во документот од 196 страници, во кој „Билд“ имале увид, Комисијата повикува на „супресија на потрошувачката на тутун, меѓу другите даночни мерки за намалување на побарувачката“. Во текстот се истакнува дека повисоките даноци би можеле да испратат „ценовен сигнал дека пушењето е навистина штетно и дека треба да се сузбие со сите средства“.

Според ЕК, зголемувањето на даноците и цените на тутунските производи е најефикасната поединечна мерка што може да ја намали потрошувачката и да ги охрабри граѓаните да престанат да пушат или барем да пушат помалку.
Комисијата предлага износот на даноците во иднина да се прилагодува според нивото на економски развој на секоја земја-членка, врз основа на посебен индекс. Според проценките на Европската унија на даночни обврзници, ова би значело зголемување на данокот на тутун за Германија за приближно 20 проценти.
Претседателот на здружението, Михаел Јегер, предупреди: „Очекуваме цените на цигарите да пораснат за околу 20 проценти. Ова мора веднаш да се запре.“

Просечната цена на кутија цигари во Германија моментално е околу 9 евра (вклучувајќи ги даноците). Доколку цените се зголемат за 20 проценти, поголемите пакувања би можеле да станат поскапи за околу едно евро.

Новата директива треба да се однесува не само на класичните цигари, туку и на новите производи од тутун . Целта е потрошувачката на никотин да се направи помалку привлечна, дури и во таканаречените форми без чад.

Исклучок сепак би биле производите за замена на никотин, како што се никотинската гума за џвакање (на пр. Nicorette), кои се користат за да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Според планот, нацртот на новата директива треба да биде одобрен од комесарот на Европската комисија до средината на јули.
Тутунската индустрија остро го критикува предлогот. Претседателот на индустриското здружение, Михаел фон Ферстер, рече: „Здравствената заштита не смее да се користи како изговор за уништување на сигурни даночни модели и опстанокот на малите и средните производители“.

Јанус Паутс од JTI (кој произведува брендови како што се Benson & Hedges и Camel) предупреди дека значителното зголемување на даноците може да го поттикне брзото ширење на црниот пазар на цигари: „Масовното зголемување на даноците е економска програма за организиран криминал“.