Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на приватната воена компанија „Вагнер“ и на редовната руска армија за заземањето на градот Бахмут во источна Украина.
Русија го користи за Бахмут неговото име од советската ера Артјомовск.
Во изјавата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека битката за Бахмут завршила со победа на Русија и дека сите кои се истакнале за време на борбите ќе добијат државни награди.
„Шефот на државата им честиташе на групите на Вагнер, како и на војниците од единиците на руските вооружени сили, кои им ја дадоа потребната поддршка, за завршувањето на операцијата за ослободување на Артјомовск“, се вели во соопштението.