Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Јапонија двете земји да потпишат мировен договор до крајот на годинава, без предуслови.
Јапонија и Русија немаат формално склучено мир по Втората светска војна, поради спорот околу суверенитетот над Курилските Острови.
– Ајде да склучиме мировен договор. Не сега, но до крајот на годината, и тоа без предуслови, му порача Путин на јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој го посети Источниот економски форум во Владивосток.
Путин изјави дека Јапонија е клучен партнер со кого Русија сака да има добри билатерални односи.
Абе се согласи дека е важно да се има добра соработка меѓу Токио и Москва, во интерес на мирот во светот.
Во своето обраќање Путин го осуди распоредувањето на елементи од американскиот штит за противракетна одбрана на Далечниот Исток.
Според Путин, поставувањето на радарските и ракетните системи од штитот, кој е насочен пред се кон Северна Кореја, претставува голем проблем за безбедноста на регионот.