Путин го потпиша Указот за признавање на проруските региони Луганск и Донецк кои се во составот на Украина.
Приклучувањето на Украина во НАТО е директна закана за безбедноста на Русија, рече Путин во обраќањето до нацијата по што го потпиша Указот за признавање на Доњецк и Луганск.
Телевизиското обраќање Путин го започна со историска лекција за настанувањето на Украина и пораката дека Украина „е создадена од Русија, од комунистичка Русија“ односно од Ленин.
Владимир Илич Ленин е автор и архитект на Украина, рече Путин.
Рускиот претседател порача дека и покрај овие факти, по распадот на СССР, Русија и нејзиниот народ ги признал и помагал новите држави. Тој ги потсети и дека Русија ги исплатила сите долгови на Украина, додека Киев го користел дијалогот со Русија за ценкање со Западот.
Путин потсетиа на времето на обединувањето на Германија, кога Западот дал ветување дека нема има никакво ширење на исток од Германија, што очигледно се нарушува. Во меѓувреме Русија, нагласи тој, ги исполнува сите обврски преку повлекување на својата војска од Источна Германија и Источна Европа, како дел од олеснувањето на товарот од Студената војна.
Тој дури и признава во 2000-та на затворен состанок го прашал Клинтон како САД би реагирале кога Русија би се приклучила кон НАТО, на што добил многу воздржана реакција.
По подолго излагање Путин објави дека ќе го потпише признавањето на Народна република Доњецк (ДНР) и на Народна Република Луганск.
Сакате декомунизација?, запраша Путин. Еве, ќе ви покажеме што значи декомунизација, рече тој.
Кратко по ова руската телевизија директно се вклучи во церемонијата на признавање на двете републики на кое учествуваа Путин од руска страна и лидерите на двете републики од друга.