Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да одржи виртуелна средба со рускиот претседател Владимир Путин на 15 декември, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.
Таа не наведе повеќе детали за средбата.
Си и Путин имаа видео-конференција на 28 јуни, што беше посветена на 20-годишнината од Руско-кинескиот договор за добрососедски односи, пријателство и соработка.