Путин на Ким му даде пушка од нашето врвно производство. За возврат, тој доби пушка од севернокорејско производство –  изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот гостин, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун си подарија пушки по средбата на самитот на далечниот исток на Русија, соопшти Кремљ.

Путин се обидува да го зајакне сојузништвото со другите тврдокорни лидери изолирани од Западот, а со Ким се состана во екот на шпекулациите дека Русија и Северна Кореја подготвуваат договор за оружје.

– Путин на Ким му даде пушка од нашето врвно производство. За возврат, тој доби пушка од севернокорејско производство – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин, исто така, му дал на Ким „ракавица од вселенски костум која била неколку пати во вселената“, пренесе АФП.

За време на средбата, Ким го поканил Путин во неговата земја, а рускиот лидер ја прифатил поканата, објави кинескиот државен медиум KCNA.