Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со италијанскиот премиер Џузепе Конте за мирно решение на либиската криза.
Тие разговарале за ситуацијата во Либија и двете страни ја истакнале потребата мирно да се реши кризата, соопшти прес-службата на Кремљ.
Путин и Конте разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за билатерални прашања.
Тие ја потврдиле меѓусебната посветеност за развој на руско-италијанската соработка, додаде Кремљ