Русија и Кина ќе разговараат за гасот и за финансиската соработка, а целта е да се зајакне таа соработка, соопшти Кремљ во пресрет на патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг на отворањето на Зимските олимписки игри.

Путин и неговиот колега Си Џинпинг ќе ручаат заедно в петок и би можеле да потпишат повеќе од 15 договори, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека Путин ќе биде на свеченото отворање и дека се направени многу нови договори за испорака на природен гас.

Ушаков истакна и дека се направени сериозни напори за создавање заедничка финансиска инфраструктура која би била отпорна на надворешни санкции.

Според Ушаков, освен Путин, на отворањето на Зимските олимписки игри во 2022 година ќе бидат и министрите Сергеј Лавров, Николај Шулгинов и директорот на Роснефт, Игор Сечин.