Путин и Трамп ќе се сретнат во Аргентина

/ 02.11.2018

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега , Владимир Путин ќе се сретнат во Аргентина следниот месец.

Путин и Трамп во Буенос Аирес ќе присуствуваат на Самитот Г-20 , а на маргините ќе имаат подолга средба , соопшти Кремљ.

Средбата на двајцата светски лидери во Париз на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна ќе биде кус , изјавија од кабинетот на Путин.

Трамп и Путин последен пат се сретнаа во јули во Хелсинки , што предизвика негодување во САД , каде критичарите го прозваа Трамп дека и се додворува на Москва.

Состанокот на маргините на Самитот во Аргентина , кој се одржува на 30 ноември и на 1 декември , ќе биде долготраен и конструктивен , изјави Јуриј Ушаков од кабинетот на Путин.


Од истата категорија