Путин ќе ја признае независноста на Доњецк и Луганск, а прашање е на часови кога ќе ја донесе одлуката, објави Русија денес.
Истлвремено, Кремљ информираше дека Путин ги известил францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц дека има намера „во блиска иднина“ да потпише декрет за признавање на двата сепаратистички региони.
Рускиот претседател наскоро треба да има телевизиско обраќање и се очекува да зборува за признавањето на Доњецк и Луганск.