Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека конфликтот во источна Украина меѓу војската на Киев и проруските сепаратисти изгледа како геноцид, додека тензиите меѓу Москва и Западот се зголемуваат.

– Вие и јас знаеме што се случува во Донбас, истакна Путин за време на состанокот на Советот за човекови права на Кремљ, мислејќи на зоната на конфликт во источниот дел на земјата, додавајќи дека „тоа секако изгледа како геноцид“.