Светското првенство во фудбал во Русија успешно ги разби антируските митови и предрасуди, изјави рускиот претседател Владимир Путин на отворање на гала концерт во Бољшој театарот.
– Русија опсежно и одговорно се подготвуваше за првенството и искрено ни е драго што беше успешен и обедини милиони луѓе, рече Путин и додаде дека руските напори ги пофалиле и спортистите, и претставниците на медиумите и љубителите на спортот.
Путин нагласи дека љубителите на спортот со доаѓањето во Русија за да ги поддржат своите репрезентации, ја покажале разновидноста на меѓународното фудбалско семејство.
– Меѓутоа, главно е дека ги покажаа своите најдобри особини, како што е пријателството, духовното единство, верноста кон принципите на спортот и идеалите за еднаквост и меѓусебно почитување, рече рускиот претседател.
Тој нагласи дека му е драго што сите гости во Русија виделе се со свои очи и оти митовите и предрасудите се урнале.