Му го честитаме на братскиот македонски народ денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празик, се вели во честитката од претседателот на Русија, Владимир Путин.
-Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од Македонската земја, се вели во објавата на Твитер од Руската амбасада, која ја пренесува честитката од Путин.