Телевизијата РЕН ТВ објави видео од изведбата на кубанскиот козачки хор на венчавката на австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсл, на која присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.
Хорот изведе неколку композиции, меѓу кои “Многаја и благаја лета” и популарната песна “Љубо, браќа, љубо”.
На видеото се гледа и како Путин игра валцер со невестата Кнајсл.
Венчавката на министерката и Волфганг Маџлингер, на која присуствуваше австрискиот канцелар Себастијан Курц, се одржа во ресторан во јужниот дел на Штареска.
Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Путин им подарил самовар, старинска преса за уље и слика.
Претходно, Министерството за надворешни работи на Австрија објави дека поканата на рускиот претседател на венчавката се смета за работна посета и проследена со стандардни безбедносни мерки.