Европската автомобилска индустрија се наоѓа во длабока криза и нејзините претпријатија се затвораат, додека луѓето во Европа наскоро главно ќе возат кинески автомобили, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Автомобилската индустрија во Европа, па каде е таа? Во длабока криза. Претпријатијата се затвораат. Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили. Дали е тоа добро или лошо, не знам, но се евтини и квалитетни – рече Путин на пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусии „Валдај“ во Москва.

Путин наведе дека кинеските автомобили веќе наголемо се користат во Русија и оцени дека соработката меѓу двете земји е двострана.

Тој додаде дека уделот на руската индустриска стока на кинескиот пазар постојано расте.