Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го посети Азербејџан и покрај инвазијата на Украина во јужниот дел на рускиот регион Курск, јави ДПА.
Се очекува во дводневната посета да разговара со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев за стратешкото партнерство меѓу земјите.
Пред патувањето, Кремљ соопшти дека двајцата лидери планираат да потпишат неколку договори за проширување на соработката.
Се очекува Путин да ги коментира мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан по долготрајниот конфликт околу планинскиот регион Карабах, кој Баку го зазеде во 2023 година.
Русија традиционално се сметаше за блиска до Ерменија, но таа одбива да интервенира на страната на Ереван.
Азербејџан, република богата со нафта на Каспиското Море, е важен снабдувач на енергија за Европската унија.