Рускиот претседател Владимир Путин предложи вечерва, на состанокот што го одржа на едно од командните пунктови на групата на руската армија одговорна за регионот Курск, формирање безбедносна зона долж државната граница.
Путин рече дека руските трупи треба да го „победат непријателот“ во областа Курск и целосно да го ослободат регионот, додавајќи дека војниците заробени во Курск ќе бидат третирани како терористи.
Рускиот заменик-министер за одбрана Валериј Герасимов изјави дека Русија ослободила повеќе од 1.100 квадратни километри во областа Курск и нагласи дека „плановите на Киев во таа област пропаднале“.
„Украинските сили се опколени во областа Курск“, рече Герасимов.
Тој додаде дека украинската армија претрпе големи загуби и дека руските сили влегле во пограничниот украински регион Суми.
Украинските вооружени сили ја преминаа руско-украинската граница и почнаа воени операции на територијата на руската област Курск на 6 август минатата година, пренесува Танјуг.