Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека мисли оти Русија може да „придонесе во мировниот процес“ во актуелниот конфликт меѓу Израел и Палестинците, предводени од Хамас.
„Па зошто да не. Со децении имаме многу стабилни деловни односи со Израел и пријателски односи со Палестина, рече тој.
Рускиот претседател, исто така, посочи дека за оваа цел е можно заживување на работата на Квартетот за Блискиот Исток (што ги вклучува ОН, Русија, САД и ЕУ) .
Истовремено, тој истакна дека конфликтот сега е во невидена акутна фаза.
-Жестокоста е толку голема што вакво нешто, мислам, не гледаме никаде на друго место, рече рускиот претседател.