Русите секогаш ќе бидат способни да ги разликуваат вистинските патриоти од ѓубрето и предавниците и едноставно ќе ги исплукаат како бубачка која случајно им влетала во устата, рече рускиот претседател Владимр Путин во своето последно телевизиско обраќање.
– Убеден сум дека такво природно и неопходно самопрочистување на општеството уште повеќе ќе ја зацврсти нашата држава, рече Путин.
Тој го обвини западот дека ја користи „петтата колона“ од Руси предавници за да предизвика граѓански немири.
– Тоа има само една цел за која веќе зборував – уништување на Русија, додаде Путин.
Руската Дума донесе закон кој предвидува затворски казни до 15 години за ширење „лажни вести“ за руската воена операција во Украина.