Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ за неширење нуклеарно оружје, рече Путин и додаде дека САД стационирале нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници, пренесе ТАСС.

Русија ќе одговори на употребата на муниција со осиромашен ураниум, рече Путин.

Русија има многу такви оружја, но тие досега не се користеа“, рече тој, додавајќи дека оние што користат таква муниција ќе ја користат против сопствениот народ. Конфликтот во Украина ќе се продолжи само со испорака на оружје од Запад, истакна Путин, пренесе РИА Новости.

Како што рече претседателот на Русија, земјата нема да дозволи претерана милитаризација на економијата. Тој исто така рече дека со ограничувањето на употребата на долари, САД ја сечат гранката на која седат.