Рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашната посета на Балтичкиот остров Хогланд, од една мала истражувачка подморница ( батискаф), на дното во Финскиот залив, ги разгледуваше остатоците од друга потопена подморница, јавија руските медиуми.
Тој со стручњаците ја разгледа потопената подморница ССЦЦ-308 што потонала во Втората светска војна, пренесоа неколку руски медиуми
Еден нуркач постави комеморативна плоча на остатоците од подморницата и на тој начин им одаде почит на 40-те членови на екипажот што погина во октомври 1942 година.
-Го правам ова затоа што нашите луѓе работат насекаде – во воздух, под вода и под земја, рече Путин по обиколката на подморницата, што траеше околу 1,5 час, наведуваат руските емдиуми.
Путин кажа дека можел да ја види потопената подморница од сите страни и сакал подобро да го разбере работењето на оние кои секојдневно ги рескирале своите животи
Ова не беше прво патување со подморница на рускиот претседател.