Досега Русија немаше потреба да користи касетна муниција, но доколку истата се користи против нас, го задржуваме правото да возвратиме, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-Досега не сме го направиле, не сме користеле, ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период. Ја имаме и оваа муниција, но тоа не го направивме. Но, се разбира, доколку истата се примени против нас, го задржуваме правото да возвратиме, изјави Путин за ТВ Русија 1.
Тој е убеден дека испораката на касетна муниција во Киев и нејзината употреба треба да се смета за кривично дело.
– Во однос на касетната муниција, самата американска администрација даде оценка за оваа муниција пред извесно време. Самата администрација на САД тогаш употребата на касетна муниција ја нарече криминал. Мислам дека тоа треба да се третира на тој начин, рече Путин.
Според него, Русија има значителни залихи на различни видови касетна муниција. Зборувајќи за американските испораки на касетна муниција за Киев, Путин рече дека тоа го прават поради недостиг на муниција.
Тој потсети дека „украинската армија троши до 5-6 илјади гранати од калибар 155 дневно, додека САД произведуваат 15 илјади месечно.
– -Немаат доволно, а на Европа веќе и недостигаат. Но, тие не најдоа ништо подобро од тоа да предложат употреба на касетна муниција, рече Путин.
Генералниот директор за операции на Здружениот штаб на американската армија, Даглас Симс, во четвртокот изјави дека Украина добива касетна муниција не само од САД, туку и од други земји.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, на 7 јули објави дека САД ќе ја снабдуваат Украина со касетна муниција. Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција ратификувана од 123 земји, со исклучок на САД и Украина.