Халфот Адриен Рабио по трет пат го отфрли предлогот на раководството на Пари Сен Жермен за продолжувањето на неговиот договор.
Договорот на Рабио со францускиот клуб истекува на крајот од оваа сезона.
Односот меѓу Рабио и шефовите на клубот не е добар.
Играчот е во сериозен конфликт со спортски директор Антеро Енрике. Покрај тоа, Рабио сака плата што парижаните не се подготвени да му ја обезбедат во оваа фаза.
Според извештаите на француските медиуми, Рабио го одбил предлогот за плата од 7,2 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси.
Сè посериозна изгледа можноста тој да го напушти Пари Сен Жермен, а не е исклучено тоа да се случи уште во јануари.
Сериозен интерес кон Рабио пројавуваат Јувентус, Тотенхем и Манчестер Сити.