Најдобриот фудбалер на светот, Лука Модриќ не се сложува со пишувањата дека неговиот клуб Реал Мадрид се наоѓа во криза.

Хрватот не крие дека атмосферата во тимот не е победничка, но верува дека набргу ќе се вратат во препознатливо издание.

– Не сме во криза. изгубивме од ЦСКА затоа што не игравме како што треба. Не ги искористивме нашите шанси, за разлика од нив кои имаа реализација. Атмосферата во нашата соблекувална не е најдобра. Мораме што поскоро да се издигнеме од оваа ситуација. На последните три натпревари не изгледавме најдобро, вели Модриќ.

Реал нема победа ниту постигнат гол на последните три натпревари.