Се појави снимка од вечерта кога Кристијано Роналдо наводно ја силувал студентката Кетрин Мајорга во 2009. година, протекла во јавноста.

Како што се гледа на снимката, фудбалерот и студентката Кетрин Мајорга разменувале нежности во клуб, заносно танцувале и се однесувале како да нема никој во близина.

Роналдо со раката неколку пати минал преку колковите на Кетрин, на која, барем според снимките, тие допири не и пречеле многу, па се повеќе се “лепела” до славниот Португалец.

Таа неодамна во разговор за германските медиуми го обвинила фудбалерот на Јувентус дека на 13. јули 2009. година ја силувал во својот апартман во Лас Вегас.