Речиси три четвртини од германските компании во кои е можна работа од дома сакаат да го задржат овој модел на работа, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
„Овие резултати го побиваат тврдењето дека се враќа трендот на работа во канцеларија“, коментира истражувачот на Институтот, Жан-Виктор Алипур.
Како што е наведено, 74 отсто од германските компании сакаат да ја задржат можноста за работа од дома, 12 отсто планираат дополнително да ја регулираат со построги упатства, а само четири отсто целосно да ја укинат.
Фото: МИА архива