Скопје, 14 јули 2019 (МИА) – На 14.07.2019 во 01:15 часот во Стар Дојран во близина на плажата Свети Никола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од страна на А.К (31) од Скопје, Љ.М(42) од Скопје, од една страна и И.М(21) од Скопје и Б.А(21) од Скопје од друга страна. До нарушувањето дошло по претходна расправија околу паркирање на возило. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 14.07.2019 околу 03:30 часот во Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во село Марино била физички нападната од нејзиниот дотогашен партнер Ј. К (31) од Скопје, поради тоа што ја прекинала врската. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 13.07.2019 година околу 19:05 часот во Крива Паланка, на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ бил приведен Л.Т. по пријава дека го нарушил јавниот ред и мир. Притоа нападнал и полициски службеник. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2019 год. во 20:15 часот Б.Ц (46) од Скопје, пријавил дека околу 13:00 часот на бул ,,АСНОМ“ во Скопје, неговата малолетна ќерка физички била нападната од М.А. од Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава..

На 14.07.2019 год. во 04.10 часот А.А(20) од Скопје, пријавил дека на ул.Горно Лисиче пред угостителски објект физички бил нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.07.2019 околу 4:25 часот 18-годишна девојка пријавила дека во населба Илинден пред пекара била физички нападната од С.М. со кого се познавала од претходно и имале недоразбирања во неколку наврати.Се работи на расчистување на случајот.

На 13.07.2019 во 10:30 часот во СВР-Битола, социјален работник од Центарот за социјални работи-Битола пријавил дека од установата се оддалечиле двајца штитеници, малолетни лица, кои повеќе од десет пати се оддалечувале од установата и биле враќани од полицијата..Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 13.07.2019 околу 21:50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М (32) од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари. По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот.