СДСМ треба да одговори каде е сега убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов и дали заради неговата блискост со Заев и срдечниот поздрав во затворот истиот не ја издржува казната во затворот Идризово, пишува порталот Курир.

„Зоран Заев мора кривично да одговара за поттикнување. Со објавената интегрална снимка се гледа дека докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка со цел да ги доведе во заблуда граѓаните на Република Македонија во врска со убиството на Мартин Нешковски. Заради неговата измама и манипулација 40-тина полициски службеници беа сериозно повредени, десетици добија кривични прекршочни пријави, а беше причинета и огромна материјална штета во насилните протести кои следеа после лагите на Заев“, пишува порталот.

Време е, се додава натаму во текстот, обвинителството да почне да се меша во својата работа и да покрене постапка против Заев за поттикнување на кривично дело.