Правото на изборот на работникот дали ќе се вакцинира или не никој не смее да му го оспори. Најмалку треба самите работници на нивни трошок да прават ПЦР  тестови и невакцинирањето да биде причина за откази. Недела да биде неработен ден. Минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. Исплата на регрес за ситре работници. Ова се дел од барањата на ССМ кои ги искажаа на денешниот протест кој го одржаа и покрај врнежливото време.

„Тука сме не само од приватниот сектор туку и од јавниот сектор, очекуваме што поскоро јавниот сектор да добие регрес за годишен одмор.Не треба тоа да ваќжи само за приватниот сектор. Зголемување на платите во образованието. Да не гои заборавиме и оние колеги кои не мпожат дабидат вработени неопределено во јавниот сектор“, истакна Иван Пешевски.

Протестот започна од зградата на ССМ, кон Собранието, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот. Во меѓувреме претставниците на ССМ беа примени во Собрание од каде излегоа со добри вести.

„Не примија претставници од парламентарното мнозинство, добивме ветување дека уште идната недела ќе биде изгласано законското решение за сите работници кои ќе работат во недела да земаат 50% , а сите останати ќе одмораме ќе им се посветиме на нашите фамилии и ќе иамме социјален мир.Законското решение кое го предложи ССМ во делот на минималната плата нема да биде бојкотирано само се плашат да не се стави некој амандман, бидејќи знаеме дека и изминатите денови не сите пратеници го поддржуваа покачувањето на платите“, вели Дарко Димовски.

Поради ова заврши протестот и не продолжија кон Влада.Во наредниот период, во зависност од резултатите од разговорите ССМ велат дека ќе повикаат на Генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.